Напад на џамија во Пакистан 19 загинати

Напаѓачите облечени во полициски униформи отвориле оган наоколу по џамијата во моментот кога верниците се клањале

218275
Напад на џамија во Пакистан 19 загинати

19 лица загинале над 50 биле повредени во вооружен напад на џамија на Шиити во Пешавер, Пакистан.

Очевидци изјавиле дека, напаѓачите биле облечени во полициски униформи и дека отвориле оган наоколу по џамијата во моментот кога верниците се клањале.

Еден од нив го активирал експлозивот што го носел на себе и самиот бил разнесен во експлозијата.

После експлозијата во џамијата веднаш пристигнале полициски и армиски сили и извесно време се водела вооружена пресметка меѓу напаѓачите и армиските и полициските сили.


Тагови:

Слични вести