9 177 пациенти во светот умреа од вирусот ебола

Само во минатиот месец и првите две недели на овој месец бројот на нови заболувања изнесува 144

217446
9 177 пациенти во светот умреа од вирусот ебола

Светската здравствена организација соопшти дека бројот на пациентите кои умреа од вирусот ебола во светот се зголеми на 9 177. 488 пд нив се вработени во здравството.

Според тоа, вкупниот број на утврдени пациенти достигна 23 илјади лица.
Во извештајот на организацијата во врска со прашањето, беше истакнато дека само во минатиот месец и првите две недели на овој месец бројот на нови заболувања изнесува 144.
Вирусот ебола претежно се забележува во западноафриканските земји, а исто така беше забележан и во САД, Англија и Шпанија.
Американскиот претседател Барак Обама рече дека ќе повлечат 2700 од вкупно 2800 американски војници кои ги испратија во западноафриканските земји во рамките на борбата против вирусот ебола.
Обама подвлече дека ќе продолжи борбата против вирусот ебола и дека доброволците, цивилите и околу 100 војници ќе останат во регионот се додека не биде уништен вирусот.


Тагови:

Слични вести