Вирусот корона се шири во Саудиска Арабија

Од 2012 година наваму, од вирусот корона, до денес починаа 851 лице

216730
Вирусот корона се шири во Саудиска Арабија

Блискоисточниот респираторен синдром корона вирус кој во последно време стана причина за зголемување на загриженоста продолжува да се шири по Саудиска Арабија.

Министерството за здравство на Саудиска Арабија, од февруари наваму утврди заболување од корона вирус кај 11 пациенти.
Министерството предупреди дека како последица на неповолните временски услови може да дојде до пораст на случаите на заболување од вирусот поради што треба да се преземат потребните мерки за евентуално спречување на ширењето на вирусот.
Од 2012 година наваму, кога почна да се забележуваат почести заболувања од вирусот корона, до денес починаа 851 лице.
470 пациенти се опоравија, додека 366 ги загубија животите.
Здравствените установи се предупредуваат да бидат повнимателни во однос на хигиената и безбедноста во борбата против ширењето на вирусот.


Тагови:

Слични вести