Продолжуваат напорите за изнаоѓање решение во Украина

Усвоена одлука за продолжување на конструктивниот дијалог за спроведување на договорот за примирје во Минск потпишан во септември

213702
Продолжуваат напорите за изнаоѓање решение во Украина

Меѓународната заедница бара решение за стивнување на засилените судири во последните недели во Украина меѓу централните власти и проруски ориентираните сепаратисти.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Холанд во Москва се состанаа со рускиот претседател Владимир Путин со цел да се изнајде решение на кризата во Украина.
Меркел и Холанд кои претходно во Киев на украинскиот претседател Петро Порошенко му го доставија нацрт мировниот договор, истиот му го доставија на рускиот претседател Путин.
По петчасовната средба, беше усвоена одлука за продолжување на конструктивниот дијалог за спроведување на договорот за примирје во Минск потпишан во септември.
Тројцата лидери прашањето ќе го разгледаат уште еднаш.
САД има внимателен приод кон средбата и на вториот круг на денешните разговори на тројцата лидери ќе учествуваат со телеконференција.


Тагови:

Слични вести