44 загинати во напад на сириската армија
Се стравува дека бројот на загинатите би можел да биде уште поголем
207995

44 лица загинале а над стотина биле повредени во напад со барел бомби извршен од страна на сириската армија во Дамаск, Идлиб и Дера.
Сириската организација за човекови права соопшти дека воени авиони и хеликоптери на сириската армија ги нападнале позициите на опозиционата слободна сириска армија.
Ранетите биле веднаш префрлени во најблиските болници.
Во бомбардирањето биле оштетени голем број згради, работни места, автомобили и куќи.
Се стравува дека бројот на загинатите би можел да биде уште поголем.
Од март 2011 година кога избувна граѓанската војна во Сирија досега загинале над 200 000 лица а скоро половината од сириските граѓани биле приморани да ги напуштат домовите.