Ерменската армија продолжува со прекршување на примирјето

Во вчерашниот оган на ерменско-азербејџанската линија на фронтот, загина еден азербејџански војник

205161
Ерменската армија продолжува со прекршување на примирјето

Во вчерашниот оган што го отворија ерменските војници со топови и ракети на ерменско-азербејџанската линија на фронтот, загина еден азербејџански војник.

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека во судирите на линијата на фронтот во областа Казак беа убиени 6 ерменски војници.
Во соопштението беше истакнато дека 6-те ерменски војници биле убиени за време на обидот за премин преку минското поле а кои сакале да продрат во азербејџанските позиции.
Во соопштението на министерството беше истакнато дека азербејџанската армија продолжува со контролата на линијата на фронтот и дека е спремна да ги одврати евентуалните непријателски напади.


Тагови:

Слични вести