Протести против расистички напади во Австрија

Во придружба на жива музика во Виена беа одржани демонстрации против расистичките и исламофобистички напади

201748
Протести против расистички напади во Австрија

Во придружба на жива музика во Виена беа одржани демонстрации против расистичките и исламофобистички напади во Австрија кои секој изминат ден се повеќе растат.

Здружението на муслиманските млади во Австрија, со цел да привлечат внимание на расистичките напади, на плоштадот на Човековите права во Виена одржаа протести под наслов „За поздраво општествено единство и ти подари една насмевка“.
На демонстрацијата учествуваа и претставници на католичките млади на Австрија, Подмладокот на социјалдемократите, Подмладокот на народната партија на Австрија, Подмладокот на партијата НЕОС, Групата на католичките млади и Младинскиот парламент на Австрија.
На учесниците на демонстрацијата и минувачите во придружба на жива музика им беше понуден чај и кифлички. Учесниците на демонстрацијата се сликаа со рамка на која пишуваше „И ти подари една насмевка“.
Членот на УО на Здружението Муслимански млади на Австрија Дуду Ќучукѓол во говорот во оваа прилика рече дека демонстрацијата ја одржуваат со цел да му понудат нешто позитивно на општеството, особено по последните немили и негативни случувања кои беа доживеани.


Тагови:

Слични вести