Предупредување од ММФ до Грција

Во Еврозоната постојат правила според кои треба да се придржуваме кон играта

197958
Предупредување од ММФ до Грција

Кристин Лагард рече дека во Еврозоната постојат правила според кои треба да се придржуваме кон играта.

Не можеме да формираме специјални категории за некои земји.
По парламентарните избори во Грција, претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард ја предупреди новата влада за незадоцнување со економските реформи.
Лагард рече дека основен приоритет за неа е воспоставување поволна основа за дијалог и разгледување на институционалните реформи со новата влада. Што поскоро треба да се компензира задоцнувањето околу структурните реформи, рече Лагард.
Затоа државата најпрвин треба да изврши реформи во собирањето на даноците и да овозможи поголема функционалност на правниот систем, подвлече Лагард и додаде дека тоа нема врска со мерките за заштеда. Тоа се структурни реформи кои треба да се извршат во Грција, потенцираше Лагард.
Не доаѓа во предвид бришењето на долговите на Грција, бидејќи тоа е прашање на еднаквост на државите на ЕУ, рече Лагард.


Тагови:

Слични вести