Продолжуваат притисоците врз Турците Татари на Крим

Синавер Кадиров е четвртиот Турчин кој досега бил протеран од Крим по анексијата кон Русија

196185
Продолжуваат притисоците врз Турците Татари на Крим

Координаторите на Комитетот за заштита на правата на Татарските Турци на Крим Абмеџит Сулејманов, Ескендер Баријев и Синавер Кадиров на граничниот премин биле спречени во обидот од Крим да се префрлат во Украина.

Целта на тројцата активисти на Комитетот за заштита на правата на Татарските Турци на Крим била преку Украина да отпатуваат за Истанбул на здравствен преглед. Руските цариници ги задржале на граничниот премин 7 часа по што Ескендер Бариев Абмеџит Сулејманов биле ослободени а Кадиров бил однесен до градскиот суд во Ерменипазар.

Судот на Кадиров му изрекол парична казна од 2000 рубљи и протерување од земјата заради прекршување на рускиот закон за емиграции.

Кадиров кој поседувал украински пасош одбил да прими руски пасош. Судот исто така го потсетил Кадиров дека странците во Русија имаат право на престој од најмногу 90 дена и дека Кадиров го прекорачил рокот.

Синавер Кадиров е четвртиот Турчин кој досега бил протеран од Крим по анексијата кон Русија.

 


Тагови:

Слични вести