Нападната џамија во Келн

Истата џамија пред еден месец исто така беше цел на напад на германски неонацисти

180942
Нападната џамија во Келн

Група расисти и неонацисти нацртале кукасти крстови и напишале навредливи зборови на внатрешните и надворешните ѕидови на џамијата на Турско исламската заедница во Келн Германија.

Истата џамија пред еден месец исто така беше цел на напад на германски неонацисти.

Џамиската управа соопштила дека напаѓачите иако свесни за камерите поставени надвор и внатре во џамијата сосема комотно се однесувале без било каков страв.

Полицијата ги зела снимките заради истражување на инцидентот.

Муслиманите кои живеат во Келн не ја кријат вознемиреноста и загриженоста поради тоа што сторителите на овој инцидент се уште слободно шетаат по населбите и по Келн.


Тагови:

Слични вести