134 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Сирија

Помошта се состои од 13 000 ќебиња, 20 000 греалици, 297 000 зимска облека и 2 500 кутии храна

180954
134 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Сирија

Несебичната помош на Турција на сириските граѓани и понатаму продолжува.

Вчера (сабота) 134 камиони натоварени со разновидна помош пристигнаа во Суруч, Сирија. Помошта се состои од 13 000 ќебиња, 20 000 греалици, 297 000 зимска облека и 2 500 кутии храна.

Помошта беше собрана преку акцијата “ Ми студи, помогнете ми“ која ја организира градската организација на АК партијата на Истанбул.

Кампањата ќе продолжи се до напролет истакнуваат активисти на градската организација на АК партијата на Истанбул.

Освен оваа кампања во организација на Здружението за солидарност Хазар во кампот за бегалци во Мидјат кај Мардин се испратија неколку камиони со хуманитарна помош.


Тагови:

Слични вести