Нападот беше извршен поради карикатурите со навреда на Хз. Мухаме

Смртта на 17 лица во нападите и кризата со заложници рече дека тоа претставува јасен показател за недостатокот на разузнавачките информации

179857
Нападот беше извршен поради карикатурите со навреда на Хз. Мухаме

Одговорноста за крвавиот напад на списанието Шарли Ебдо во Франција како и акцијата со заложниците ја презеде огранокот на Ал Каеда на Арапскиот полуостров.

Лидерот на огранокот наАл Каеда во Јемен рече дека нападот беше извршен поради карикатурите со навреда на Хазрети Мухамед.
Од друга страна пак, браќата Куаши и Ахмед Колибали, пред акцијата на полицијата одржале телефонски разговор со еден ТВ канал.
Ахмед Колибали кој изврши вооружен напад на еден еврејски маркетна разговорот рекол дека координирано соработуваат со браќата Куаши и дека претходно се разбрале околу акциите.
Францускиот премиер Мануел Валс во врска со смртта на 17 лица во нападите и кризата со заложници рече дека тоа претставува јасен показател за недостатокот на разузнавачките информации.


Тагови:

Слични вести