Продолжува тероризмот на Боко Харам во Нигерија

Во нападот на терористичката организација на североисточниот град Бага беа убиени стотици лица

178743
Продолжува тероризмот на Боко Харам во Нигерија

По нападот на една воена база, терористичката организација во нападот што го изврши на градот, го запали скоро целиот град.
Очевидци истакнуваат дека во нападот бил уништен целиот град, а во нападот загинале стотици лица.
Британската национална медиумска куќа БиБиСИ објави вест во која истакнува дека бројот на загинатите изнесува над 2 илјади лица.
Во Бага кој броеше околу 10 илјади жители, не остана ниту еден граѓанин, улиците се исполнети со трупови на убиените а преживеаните не се враќаат да ги земат посмртните остатоци.
По нападите што беа извршени за време на викендот, некои лица кои побегнаа од Бага се удавиле при преминот низ реката Чад.
Нападите на организацијата Боко Харам чие влијание се чувствува во три провинции на северот на земјата, траат од 2009 година наваму.


Тагови:

Слични вести