Продолжува сеопфатната операцијата на француската полиција

Осомничените приклештени во едно село североисточно од Парис

179208
Продолжува сеопфатната операцијата на француската полиција

Продолжува сеопфатната операцијата на француската полиција притворање на осомничените за нападот на сатиричното списание Шарли Ебдо.
Осомничените кои беа приклештени во едно село североисточно од Парис, едно лице зедоа како заложник.
Додека траеше операцијата, беше доживеан еден друг случај со заложници.
Во акцијата во еден маркет источно од Парис во која 5 лица беа земени како заложници, загинаа две лица, истакнуваат француските медиуми.
Француското министерство ја демантираше оваа информација.
Полицијата тргна во потрага по осомничените двајца браќа од алжирско потекло за нападот на списанието Шарли Ебдо кои бегаа со едно украдено возило и ги приклешти во една печатница во гратчето Дамартин ен Гоел.
Осомничените едно лице зедоа како заложник и почнаа да пазаруваат со полицијата, додека еден пратеник рече дека осомничените одбиле да се предадат.
Во подрачјето беа испратени специјални единици и хеликоптери.
Жителите на подрачјето беа предупредени да не излегуваат надвор од куќите, а исто така се евакуираат околните училишта.
Додека трае операцијата, Франција беше потресена со информација за ново заложништво.
Во вооружениот напад на еден маркет источно од Парис 5 лица беа земени под заложништво.
Лицето кое го оствари нападот се истакнува дека е Амеди Колибали кој беше причина за вчерашното убиство на една жена полицаец.
Полицијата ја бара Хајат Боумедиене за која се претпоставува дека е поврзана со напаѓачот Амеди.
Имено постои поврзаност меѓу вчерашниот напад и нападот на зградата а списанието, истакнаа властите.
Францускиот премиер рече дека ќе се преземат нови безбедносни мерки во борбата против тероризмот, потенцирајќи дека војуваат против тероризмот, а не верата.
Францускиот претседател Франсоа Холанд во изјавата за печатот упати повик за единство и слога.
Веднаш по инцидентот, нема да има ограничувања за демонстрациите и протестите кои што ќе се одржат против терористичките акции, рече претседателот Оланд и граѓаните ги предупреди да бидат повнимателни наспроти евентуално провокации.
Оланд меѓудругото додаде дека премиерот и министерот за внатрешни работи се во постојан контакт со европските лидери.
На претстојниот Самит на европските лдиери планиран за 12 февруари, главна тема ќе бидат нападите во Франција.
Лидерите ќе разменат мислења во врска со новите превентивни мерки што ќе се преземат во борбата против тероризмот.
Лидерката на француската националистичка партија Марин Ле Пен од Холанд побара да се укине спроведувањето на Шенген визите.
Продолжуваат да пристигнуваат детални информации за осомничените.
Американските власти соопштија дека поголемиот од браќата Саид Куаши кон крајот на 2011 година заминал за Јемен каде што бил обучуван од страна на Ал Каеда.
Во меѓувреме, француските медиуми соопштија дека осомничените од страна на американските безбедносни сили се наоѓале на црната листа.


Тагови:

Слични вести