Продолжува ловот на терористи во Франција

Француската полиција почна сеопфатна операција во врска со притворањето на двајцата осомничени

178347
Продолжува ловот на терористи во Франција

Француската полиција почна сеопфатна операција во врска со притворањето на двајцата осомничени кои се бараат за убиството на 12 лица во нападот на сатирично списание Шарли Ебдо.

Браќата Саид и Шериф Куаши кои веднаш по нападот при бегството, се опкружени од страна на специјалните единици на полицијата во селото во околината на бензинската пумпа која претходно ја ограбија.
Над подрачјето Вије Котр северно од Парис летаат полициски хеликоптери кои го набљудуваат и контролираат подрачјето.
Во рамките на операциите во Парис беа притворени 7 лица за кои се претпоставува дека биле поврзани со браќата Куаши.
Се разјаснуваат нови детали во врска со двајцата осомничени браќа кои предизвикаа крвопролевање во Франција.
Американските власти го изнесоа тврдењето дека поголемиот брат Суад Куаши кон крајот на 2011 година заминал за Јемен каде што бил обучуван од страна на Ак Каеда.
Француското министерство за внатрешни работи соопшти дека засега е утврдено дека нема никаква поврзаност меѓу вооружениот напад на едно полициско возило, бомбашкиот напад на една ќебапчилница и сатиричното списание.
Веднаш по нападот беа зголемени безбедносните мерки и во Франција беше прогласена национална жалост.
По повод националната жалост беше згаснато осветлувањето на Ајфеловата
Кула, симболот на Парис.
Додека продолжуваат реакциите во светот, за загинатите во нападот се одржуваат комеморативни седници во низа земји.
По повод нападот во Амстердам, Атина и Загреб беа одржани демонстрации.
Илјадници лица на демонстрациите во знак на протест отворија транспаренти на кои пишуваше „Јас сум Шарли“.
Околу две илјади лица коис е собраа пред француската амбасада во Рим, со свеќи во рацете извикуваа пароли и носеа транспаренти на кои пишуваше „Јас сум Шарли“.
Делегација на Секретаријатот на турско-исламската унија во Келн го посети седиштето на Францускиот институт и изрази сочувство по повод загинатите во нападот.


Тагови:

Слични вести