Еден од напаѓачите во Парис се предаде на властите

34 годишниот Саид Коуаши и брат му 32 годишниот Шериф Коуаши беа утврдени во северните предели на земјата

177798
Еден од напаѓачите во Парис се предаде на властите

По вчерашниот напад на седиштето на неделното сатирично списание Шарли Хебдо во Парис, еден од трите осомничени им се предаде на властите, додека местото на останатите двајца напаѓачи е утврдено, соопштија француските власти.

18 годишниот напаѓач Хамид Мурад е француски државјанин и им се предаде на властите, додека во рамките на истрагата се приведени уште 7 лица.
Француската полиција соопшти дека местата на 34 годишниот Саид Коуаши и брат му 32 годишниот Шериф Коуаши беа утврдени во северните предели на земјата.
Лицата по пат ограбиле една бензинска станица од која зеле храна и бензин, поради што специјалните единици беа испратени во овој дел на земјата.
Францускиот весник Метро објави напис во кој истакна дека еден од полицајците кој загинал во вчерашниот напад по потекло бил муслиман.


Тагови:

Слични вести