Траектот во Јадранското море дури по пет дена пренесен во Италија

Траектот Норман Атлантик кој беше причина за смртта на 11 лица, беше донесен во италијанското пристаниште Бриндизи

170109
Траектот во Јадранското море дури по пет дена пренесен во Италија

Пет дена по запалувањето на траектот продолжува да излегува дим.

Продолжуваат да пристигнуваат контрадикторни информации во врска со билансот на несреќата.
Италија соопшти дека бројот на спасените патници од траектот изнесува 477.
Јавното обвинителство кое го истражува случајот соопшти дека сеуште не се пронајдени 98 патници.
Сеуште точно не е определен бројот на патниците кои загинаа во пожарот што изби на траектот.
Јавното обвинителство на Бари кое го истражува случајот соопшти дека на бродот се наоѓале 499 патници, од кои 11 загинаа.
Грчките власти соопштија дека бројот на загинатите изнесува 18 а 9 грчки граѓани сеуште се водат за исчезнато.
Вкупниот биланс на катастрофата ќе може да се утврди дури по пребарување ан сите делови на траектот.
Телото на турската граѓанка Хадисе Саваш која загина во несреќата по аутопсијата, ќе се испрати во Турција.
Сеуште нема информации за свршеникот на Хадисе Саваш, Хакан Аккаја кој заедно патуваше.
Според информациите, Аккаја веднаш по пожарот по телефон го побарал семејството и се качил на чамецот за спасување.
Но веднаш по ова јавување, сеуште нема пристап до Аккаја.
Турски дипломатски извори истакнуваат дека од 54 турски патници кои патуваа со траектот, освен Аккаја нема други исчезнати.
Во меѓувреме, продолжува истрагата по несреќата што започна во Италија.
Капетанот на бродот кој беше сослушан рече дека го активирале алармот, додека патниците истакнуваат дека не го слушнале алармот


Тагови:

Слични вести