Пронајдени 2 големи делови на авионот на Ер Азија

Пронајдено местото на несреќата на патничкиот авион на компанијата Ер Азија кој падна во морето на Индонезија

170156
Пронајдени 2 големи делови на авионот на Ер Азија

Еден од деловите на авионот имаше 9.5 x 5.0 метри, висок пола метар, а вториот дел беше долг 7 широк пола метар.

Сонарните уреди многу тешко се контролираат поради големите бранови.
Индонезиските власти соопштија дека според фотографиите кои ќе пристигнат од урнатиот авион, нуркачите чекаат спремни.
Досега од морето се извадени 30 тела на загинатите патници.
По утврдувањето на идентитетот на загинатите патници, посмртните остатоци им се предаваат на семејствата.
Утврдувањето на идентитетот на загинатите патници се одвива тешко поради тоа што долг период беа во вода.
Во меѓувреме, Министерството за транспорт и врски на Индонезија соопшти дека започна истрага во врска со евентуалното прекршување на часовите за летање на Ер Азија.
Според соопштението објавено од страна на Министерството, компанијата немала лиценца за летање во неделите за Сингапур, поради што бил укинат овој лет. Министерството започна со испитувањето на сите часови на летање и датумите на авионите на Ер Азија.
На крајот на истрагата постои моќност да се окончаат сите летови на компанијата Ер Азија.
Авионот на компанијата Ер Азија се урна при обидот да искачи на повисока висина. Според некои експерти, авионот паднал поради недоволните радарски податоци, недоволната брзина за ненадејно вертикално искачување.
Исто така се испитува дали пилотот пред да полета земал метеоролошки извештај за времето.


Тагови:

Слични вести