Палестинското прашање прераснува во меѓународен политички хаос

Палестина аплицира за пристап во МКС

169991
Палестинското прашање прераснува во меѓународен политички хаос

Ријад Мансур постојаниот претставник на Палестина во ОН, документите во врска со пристапувањето до договорите меѓу кои се наоѓа и Меѓународниот кривичен суд (МКС), му ги предаде на помошникот на генералниот секретар на ОН за правни прашања Стивен Матијас.

На тој начин Палестина ќе биде 123 та земја потписничка на Договорот во Рим кој ја формира основата на Меѓународниот кривичен суд. По 60 дена ќе договорот ќе стапи насила.
Пристапувањето на Палестина во Меѓународниот кривичен суд ќе овозможи судот да започне истрага во врска со злосторствата кои ги изврши Израел во окупираните територии.
Седиштето на Судот се наоѓа во Хаг, Холандија и судот се бави со испитување на кривични дела како што се геноцид и воени злосторства како и злосторство против човештвото.
Затоа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од судот бара да ја одбие апликацијата на Палестина.
Не задоцни реакцијата на Вашингтон во врска со прашањето.
Висок претставник на американскиот Стејт департмент изјави дека ќе ја испитаат апликацијата и дека нема да се одрази врз американската помош на Палестина.
Имено САД секоја година на Палестина и испраќа помош од 400 милиони долари. Според американскиот закон, во случај Палестина апликацијата во Меѓународниот кривичен суд да ја искористи против Израел, се предвидува прекинување на оваа помош.
Неодамна СБ на ОН ја одби нацрт-резолуцијата според која се предвидуваше повлекување на Израел од окупираните палестински територии до 2017 година.
Доколку по 60 дена се прифати апликацијата на Палестина за пристапување, тогаш Меѓународниот кривичен суд ќе може да започне истрага во врска со злосторствата што беа извршени на окупираните територии.
Само по 60 дена, светот повторно ќе сведочи за уште еден чекор напред што ќе се фрли напред на патот за изнаоѓање решение на Блискоисточното прашање или пак нов хаос во меѓународните односи.


Тагови:

Слични вести