Во последните два дена силите на ИДИЛ беа погодени 39 пати

Продолжуваат нападите на коалиционите сили предводени од САД против целите на ИДИЛ во Сирија и Ирак

168574
Во последните два дена силите на ИДИЛ беа погодени 39 пати

Според вчерашното соопштение објавено од страна на Командата на Комбиниран здружен штаб на наменски сили, само во последните два дена борбените авиони на САД и коалиционите земји извршиле 24 напади на целите на ИДИЛ во Сирија и 15 во Ирак.

Во рамките на воздушните напади во Сирија беа погодени 2 цели на ИДИЛ во Рака, 2 во Деир-ез Зор, 18 во Кобани и 2 во Хасичи.
Во Ирак беа погодени 8 цели на ИДИЛ во околината на Мосул, 5 во Фелуџа, по еден во Синџар и Таџи. Во рамките на нападите беа погодени зградите, позициите и тактичките единици на ИДИЛ.


Тагови:

Слични вести