Русеф по вторпат седна на претседателската функција

Дилма Русеф вчера свечено ја положи заклетвата

168773
Русеф по вторпат седна на претседателската функција

Дилма Русеф на претседателските избори во Бразил по вторпат беше избрана за претседател на земјата и вчера свечено ја положи заклетвата и започна со должноста.

На свеченото положување на заклетвата што се одржа под силни безбедносни мерки, Турција ја претставуваше министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
На свеченоста, покрај големиот број граѓани на Бразил, големо интересирање покажаа и претставниците на печатот од светот.
Во говорот што го одржа на свеченото положување на заклетвата, претседателката Русеф рече дека ќе води борба против корумпираноста, ќе го интензивира економскиот раст на земјата и ќе изврши реформи во образованието.
Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу пред свеченото положување на заклетвата, одржа билатерални средби.
Министерот Чавушоглу одржа средби со палестинскиот колега Ријад ел Малики. На средбата беа разменети мислења во врска со можностите за изнаоѓање мировно решение кое ќе се базира на формирање бизонална држава како и разочарувањето по повод неусвојувањето на нацрт резолуцијата од страна на СБ на ОН со која се предвидуваше окончување на израелската окупација на палестинските територии.


Тагови:

Слични вести