Пронајдени 10 тела на жртвите во авионската несреќа

Активностите за пребарување продолжуваат со 29 бродови и 17 воздушни летала

168983
Пронајдени 10 тела на жртвите во авионската несреќа

Пронајдени се уште 10 тела на патниците кои патуваа со авионот на авиокомпанијата Ер Азија од Индонезија за Сингапур.

Неповолните временски услови во областа ги отежнуваат условите за работа како и напорите на екипите за спасување и пребарување на патниците и откривање на остатоците на авионот.
Индонезиските екипи за спасување го стеснија просторот на пребарување и најавуваат дека се приближија до местото на несреќата од каде што се вадат остатоците на урнатиот авион во морето.
Француските и сингапурски истражувачи ќе учествуваат во активностите за наоѓање на црната кутија на авионот.
Претседателот на агенцијата за пребарување и спасување рече дека активностите продолжуваат со 29 бродови и 17 воздушни летала.
Во активностите за пребарување и спасување со голем број морски и воздушни средства учествуваат Индонезија, Австралија, Малезија, Сингапур, Јужена Кореја и САД.
Во регионот беа испратени 5 подморници кои можат да ги утврдат сигналите од црната кутија на авионот.
Авионот со 162 патници и 7 членови на екипажот кој патуваше на релација од островот Сурабаја за Сингапур, поради лошите временски услови беше принуден да го напушти предвидениот курс на летање поради што побара дозвола за издигнување. Веднаш по овој контакт авионот исчезна од радарот на контролната кула.


Тагови:

Слични вести