Паника од бомба на железничката станица Аточа во Мадрид

По заканата на едно лице дека има бомба врз себе, властите ја евакуираа железничката станица Аточа во Мадрид

169212
Паника од бомба на железничката станица Аточа во Мадрид

Лицето кое им се закани на полицијата и беше земено под контрола, беше утврдено дека нема никаков експлозив.

Во рамките на контролата и пребарувањето на целата железничка станица, не беше пронајден никаков експлозив.
Лицето кое се закани дека носи бомба се претпоставува дека е душевно болен и беше приведено. По пребарувањето на железничката станица, повторно беше пуштен во промет железничкиот сообраќај на станицата.
Во 2004 година беше извршен еден од најголемите терористички напади на железничката станица Аточа во историјата на Шпанија во кој загинаа 191 а околу 2 илјади лица беа повредени.


Тагови:

Слични вести