Новите членки на СБ на ОН почнаа со должноста

Вчера официјално започна мандатот на 5 нови привремени земји членки на СБ на ОН

168586
Новите членки на СБ на ОН почнаа со должноста

Од 15 члениот СБ на ОН задолжен за мирот и безбедноста на светот, вчера беа променети 5 привремени членови.

На местото на претставниците на Австралија, Луксембург, Аргентина, Јужна Кореја и Руанда чиј мандат заврши на 31 декември 2014, своето место во СБ на ОН за претстојниот период 2015-2016 ќе го заземат новоизбраните претставници на Ангола, Нов Зеланд, Шпанија, Малезија и Венецуела.
Покрај 5-те постојани земји членки на СБ на ОН, Англија, САД, Русија, Кина и Франција кои имаат право на вето, секоја година се менуваат по пет од 10-те привремени земји членки. Кон крајот на 2015 година ќе заврши мандатот на Чиле, Чад, Литванија, Јордан и Нигерија.
Турција за периодот 2015-2016 година се кандидираше во групата во која се наоѓаа Шпанија и Нов Зеланд. На гласањето што се одржаа на седницата на Генералното заседание на СБ на ОН победија Нов Зеланд и Шпанија.


Тагови:

Слични вести