ИДИЛ соборил воен авион

Се уште не е познато чиј бил соборениот авион

163767
ИДИЛ соборил воен авион

Ирачко радио познато по блискоста со ИДИЛ соопшти дека сили на ИДИЛ собориле воен авион во Ел Хадира кај железничката станица Белед северно од Багдад.

Се уште не е познато чиј бил соборениот авион.

Нема било какво соопштение ниту од САД ниту од силите на меѓународната антиидилска коалиција во врска со соборувањето на авионот.

Минатата недела беше соборен јордански воен авион над Рака во Сирија. Јорданската армија ја потврди информацијата а ИДИЛ соопшти дека го држи како заложник пилотот на соборениот авион.

 


Тагови:

Слични вести