Сеуште не е утврдена причината за падот на јорданскиот авион

Од доказите очигледно е дека авионот не бил срушен од страна на ИДИЛ

161138
Сеуште не е утврдена причината за падот на јорданскиот авион

Според соопштението објавено на веб страницата на Вооружените сили на Јордан, според првите претпоставки, јорданскиот авион не бил соборен од страна на ИДИЛ.

Во соопштението беше истакнато дека поради неможноста од пристап до авионот и точно утврдување на причината за падот како и ненаоѓањето на пилотот, засега сеуште точно не може да се утврди причината за падот на авионот.
Претходниот ден беше објавено соопштение во кое беше истакнато дека во сирискиот град Рака беше соборен еден авион на коалиционите сили предводени од САД по кој настан јорданската армија соопшти дека авионот им припаѓал нив и дека пилотот Муаз Сафи Ал Кесасибе бил земен како заложник од страна на терористичката организација ИДИЛ.
Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) во врска со настанот соопшти дека според доказите, очигледно е дека авионот не бил срушен од страна на ИДИЛ. Јордан скоро 3 месеци учествува во нападите на коалиционите сили врз штабовите на ИДИЛ во Ирак и Сирија.


Тагови:

Слични вести