САД на нозе

Новиот случај на убиство „бел полицаец – црн осомничен“ предизвика голем револт во САД

160455
САД на нозе

По убиството на младиот невооружен црнец Мајкл Браун од страна на бел полицаец во градо Фергусон, во период кога продолжуваат реакциите против овој настан, сличен настан беше доживеан во Беркли.

Новиот случај на убиство „бел полицаец – црн осомничен“ предизвика голем револт во САД поради што граѓаните повторно излегоа на улиците.
По настанот, во Беркли се одржуваат масовни протести и демонстрации.
На демонстрациите дојде до тепачки меѓу демонстрантите и полицајците, поради што голем број демонстранти беа притворени.
Во инцидентот што се случи на една бензинска станица, според изјавата на еден полицаец, 18 годишниот гимназијалец Антонио Мартин подигнал револвер кон полицаецот кој се приближувал, поради што полицаецот откако увидел дека се наоѓа под закана, три пати пукал во младиот црнец и го убил.
Властите соопштија дека младиот бил вооружен и дека на местото на инцидентот било откриено оружјето. Семејството на младиот го бранат ставот дека нивното дете било невооружено.


Тагови:

Слични вести