Предупредување од Германија до ЕУ

Произлегувањето на контролата над економската криза во Русија нема да биде во наша корист

154150
Предупредување од Германија до ЕУ

Од Германија пристигна предупредување до ЕУ поради економските санкции против Русија кои предизвикаа тешки последици за руската економија.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, во интервјуто за едно списание рече дека се излажаа сите оние кои што мислеа дека со преземање економски санкции против Русија ќе се обезбеди безбедноста на Европа.
Русија го плати цехот за губењето на довербата во врска со кризата во Украина рече министерот Штајнмаер и подвлече дека падот на паричната единица и цената на енергијата на Русија претставува конкретен пример на економска криза.
Штајнмаер додаде дека во случај на евентуално попуштање на санкциите, чувствува загриженост од дестабилизацијата на Русија поради што е против натамошното спроведување на санкциите.
Произлегувањето на контролата над економската криза во Русија нема да биде во наша корист рече Штајнамер и нагласи дека политиките на санкции врз Русија треба повторно да се разгледаат.
Претседателот на собраниската комисија за надворешни односи Норберт Ротген пак потсети дека санкциите се спроведуваат со цел рускиот претседател Владимир Путин да го промени ставот.
Ротген предупреди дека во случај на евентуално укинување на санкциите без Запад да се стекне со корист од тоа, Русија нема да ја промени својата политика.


Тагови:

Слични вести