Продолжуваат реакциите во САД против убиството на црнците

Бројот на притворените демонстранти од среда наваму кога почна демонстрациите изнесува над 300

141121
Продолжуваат реакциите во САД против убиството на црнците

Демонстрациите кои почнаа во американската провинција Мисури како последица на зголемувањето на смртните случаи на црнците, се проширија низ целата земја.

И натаму продолжуваат демонстрациите во САД особено по одлуката на судот за не гонење на полицаецот кој го уби младиот црнец Ерик Гарнер.
Демонстрантите во Вашингтон одржаа протести против убиството на Гарнер. Демонстрантите во Њујорк ги окупираа продавниците и железничката станица Ганд Централ.
Демонстрантите ги извикуваа следните пароли „Не можам да дишам“, „Ако нема правда, нема и мир“, „И животите на црнците се драгоцени“ и предизвикаа застој на сообраќајот во Менхетен.
Во градовите Беркли и Оакланд во Калифорнија владееше насилство по улиците.
Демонстрантите фрлаа шишиња и камења врз полицајците. Голем број демонстранти беа притворени.
Во инцидентот што се случи на 17 јули во Стејтн Ајленд во Њујорк, полицијата се обидуваше да го притвори американскиот црнец Гарнер под изговор дека продава цигари на црно.
Гарнер кој од страна на полицаецотДаниел Панталео и група полицајци беше фатен за грло и спуштен на земја, го загуби животот.


Тагови:

Слични вести