Искршени прозорците на џамијата во Берлин

Непознати лица околу полноќ со камења ги искршиле прозорците на џамијата Хасан Басри во Краусберг, Берлин

139019
Искршени прозорците на џамијата во Берлин

Напаѓачиле ги искршиле сите прозорци на џамијата.

Германската полиција до местото на инцидентот пристигнала во утринските часови и покренала истрага за случајот испитувајќи ги очевидците.

После тоа екипа за истражување собирала податоци и доказен материјал од внатрешноста на оштетената џамија.

Генералниот конзул на Турција во Берлин Ахмет Башаршен изјави дека во последно време зачестиле напади на исламски објекти во Германија.

Се надевмае дека сторителите на ова дело ќе бидат пронајдени и предадени на органите за гонење и на правдата, воедно да се престане со реториката против Муслиманите и Турците. Наместо сеење омраза кон Турците и Муслиманите ќе биде подобро да се зборува за нивните добри страни и дела потенцираше конзулот Башаршен.

Пред извесно време беше подметнат пожар во џамијата во Билефелд кај Берлин.


Тагови:

Слични вести