Фергусон и понатаму сцена на жестоки протести

Демонстрантите во вечерните часови се собраа пред зградата на полицијата барајќи правда

136323
Фергусон и понатаму сцена на жестоки протести

Сообраќајот на улицата Флорисент пред зградата на полицијата беше блокиран. После интервенцијата на полицијата засилена со воени единици демонстрантите ги кренаа барикадите на улицата Флорисент по што сообраќајот пак беше нормализиран.

Демонстрантите сепак не се откажаа од протестите. Се собраа на тротоарите и понатаму продолжија со извикување протестни пароли. После извесно време демонстрантите се разотидоа.

До жестоките протести во Фергусон дојде откако судската порота го ослободи Дарен Вилсон кој со истрел од пиштол го уби младиот 18 годишен црнец Мајкл Браун на 9’ти август годинава.

Демонстрантите бараат Вилсон повторно да биде изведен пред суд.

 


Тагови:

Слични вести