Два дена во американскиот град Фергусон владеат големи демонстра

Во рамките на демонстрациите кои траеја цела ноќ, беа приведени 44 лица

206600
Два дена во американскиот град Фергусон владеат големи демонстра

По одлуката на судот со која беше укината натамошната истрага против белиот полицаец кој го уби младиот црнец, илјадници лица излегоа на улиците.


Во рамките на демонстрациите кои траеја цела ноќ, беа приведени 44 лица.
Во Фергусон се опожарени голем број згради.
Втората ноќ беа ограбени голем број продавници.
Исто така беа извршени напади врз полициските возила.
Илјадници лица во градот маршираа кон полициските станици.
Во меѓувреме, во близината на местото каде што беше убиен младиот црнец, беше пронајден трупот на уште еден црнец. Сеуште нема точни податоци за тоа дали настанот е поврзан со демонстрациите.
Демонстрантите кои го затворија патот во градот Оукланд, беа растерани од страна на полицијата.
Во градот имаше грабежи и напади врз возилата на полицијата.
Во голем број други градови беа одржани демонстрации против одлуката на судот во Фергусон, а десетици лица беа приведени.
Бранителите на човековите права го изнесуваат тврдењето дека секои 28 часа, американската полиција убива по еден црнец.


Тагови:

Слични вести