Уште еден удар од Израел на мирот на Блискиот Исток

Новиот закон во Израел од страна на организациите беше оценет како чекор кон фашизмот

203801
Уште еден удар од Израел на мирот на Блискиот Исток

Израелскиот кабинет го одобри новиот закон со кој државата се дефинира како држава на Евреите.

Со нацрт законот се предвидува законите на државата да се определуваат согласно верското право на Евреите и арапскиот јазик да се извади од службена употреба како втор јазик.
Нацрт законот кој ги занемарува Арапите кои сочинуваат 20 отсто од вкупната популација на Израел, од страна на организациите беше оценет како чекор кон фашизмот.
Кон нацрт законот се спротивставуваат дури умерените десничарски партии на коалиционата влада. Истиот за да стапи на сила, треба да помине и низ израелскиот парламент Кнесет.
Сите претходни сценарија за формирање бизонална или една држава се засноваа на меѓусебно признавање на идентитетите на Арапите и Евреите.


Тагови:

Слични вести