Нема меѓународна истрага против напаѓачите на Мави Мармара

Судот го прифати фактот за обвинувањето дека израелските војници извршиле воено злосторство кое се заснова на основани и разумни причини

183524
Нема меѓународна истрага против напаѓачите на Мави Мармара

Меѓународниот кривичен суд ја соопшти одлуката во врска со Мави Мармара

Меѓународниот кривичен суд донесе одлука да се суспендира барањето на оштетените во нападот на бродот Мави Мармара за започнување истрага.
Судот покрај тоа што барањето за започнување постапка за воено злосторство го прифати за основано и разумно, сепак пресуди дека барањето на ја содржи потребната тежина за покренување постапка.
Јавните обвинители на Меѓународниот кривичен суд донесоа одлука дека нема потреба за започнување истрага во врска со нападот на бродот Мави Мармара кој пренесуваше хуманитарна помош за Газа, а кој беше изложен на нападот на израелските војници.
Блиските на загинатите во нападот наведуваат дека Израел изврши воено злосторство поради што од судот бараа да им се суди на одговорните, а на чие чело се наоѓа израелскиот премиер.
Обвинителите кои ја анализираа жалбата го прифатија фактот за обвинувањето дека израелските војници извршиле воено злосторство кое се заснова на основани и разумни причини.
Но за жал, злосторството за кое станува збор, гледано од аспект на бројот на загинатите и повредените, не ја содржат потребната тежина за започнување истрага од страна на меѓународниот суд.


Тагови:

Слични вести