Келн претворен во бојно поле

Во судирите во Келн беа повредени 13 полицајци

172425
Келн претворен во бојно поле

Расистите во Германија, градот Келн го претворија во бојно поле. Во судирите беа повредени 13 полицајци.

Неонацистичките групи наидоа на револтот и на другите Германци, а не само на полицијата.
Под изговор дека се против насилствата на ИДИЛ, над 2 илјади неонацисти и хулигани извршија тероризам по улиците на Келн и го демолираа градот.
Расистите извикуваа пароли како што се „Странците надвор од земјата“ и врз полицајците фрлаа камења и шишиња.
Расистите превртеа едно полициско возило, повредија 13 полицајци. Здравствената состојба на еден од полицајците е сериозна.
Во судирите беше повреден еден расистички демонстрант.
Полицијата притвори 6 расисти, додека за апсењето на останатите ги испитува видеоснимките.
Околу 500 демонстранти против расистите одржаа контра демонстрација.
Демонстрантите извикуваа слогани против расизмот.


Тагови:

Слични вести