Нови откритија во несреќата на Кристоф де Маргери

Сомненијата во врска со несреќата претежно насочени кон грешката на радарот

169808
Нови откритија во несреќата на Кристоф де Маргери

Нови откритија во врска со смртта на главниот раководител на француската нафтена компанија Тотал, Кристоф де Маргери, кој загина во несреќа.

Имено во крвта на возачот на возилото за чистење снег кое беше причина за смртта на Маргери беше утврден поголем степен на промили на алкохол од дозволената.
Судот донесе одлука на возачот да му се суди во притвор.
Во рамките на истрагата беа притворени 4 лица вработени во аеродромот. Обвинителството продолжува со истрагата, а во меѓувреме заменик генералниот директор на аеродромот поднесе оставка.
На управителот на операционата единица, главниот инженер и директорот на смената беа отпуштени од работа.
Веднаш по несреќата беа објавени контрадикторни информации во врска со местото на несреќата, а претежно сомненијата беа насочени кон грешката на радарот.
Испитувањето на црната кутија ќе заврши за неколку дена.
При полетувањето на специјалниот авион на Маргерие од Москва удри едно возило за снег кое се наоѓаше на пистата. Во судирот загинаа бизнисменот и тројцата членови на посадата.


Тагови:

Слични вести