Критичен состанок во САД во врска со ИДИЛ

Самостојната борба на ниту една не ќе може да ги даде очекуваните резултати

157354
Критичен состанок во САД во врска со ИДИЛ


Воените лидери на САД и 21 коалициона земја се состанаа во Вашингтон со дневен ред, борбата против ИДИЛ.


Воените лидери кои учествуваа на состанокот посочија на значењето и допринесот на воената димензија на кампањата што ќе го одигра во успешната борба против тероризмот и постигнаа согласност дека самостојната борба не ќе може да ги даде очекуваните резултати.
Состанокот на кој учествуваше и американскиот претседател Барак Обама се одржа во воената база Ендрју.
По состанокот, началникот на Здружениот генералштаб на САД, генерал на армија Мартин Демпси одржа средба со началникот на Одделот за воени операции при ГШ, генерал-полковник Ердал Озтурк.
Според претставниците на Пентагон, воените лидери на коалиционите земји под водство на САД, се состанаа со цел да се постигне консензус во врска со обезбедување на интеграцијата и потребните извори во воздушната и копнена операција против заканата од ИДИЛ.
Според воените лидери, покрај тоа што воената димензија на кампањата во борбата против ИДИЛ самостојно нема да биде доволна, силата на коалиционите војници ќе дадат голем придонес.
Во рамките на активностите што ќе се преземат во борбата против ИДИЛ, коалицијата освен пренесувањето на фактите за ИДИЛ, исто така усвои одлука за ефикасно користење на социјалните медиуми со цел да се информираат луѓето во светот за активностите и бруталноста на ИДИЛ.
Воените лидери постигнаа согласност за пренесување на препораките до владите на своите земји во врска со потребата за унапредување на соработката во борбата против ИДИЛ, давање допринес според капацитетот и започнување на потребните акции.


Тагови:

Слични вести