Бомбашки напади во Ирак

Во нападите загинаа најмалку 45, а над 100 лица беа повредени

154632
Бомбашки напади во Ирак


Вчера Багдад беше потресен со последователни напади.


Во 4-те посебни напади загинаа најмалку 45, а над 100 лица беа повредени.
Првите три напади беа извршени со возила натоварени со експлозив.
Во првиот напад што беше извршен врз една полициска станица во населбата Кадимије, загинаа 11 лица меѓу кои имаше и полицајци, а беа повредени 28 лица.
Нешто потоа, во експлозијата што се случи во една од најпрометните улици загинаа 8 лица.
Само половина час по оваа експлозија на истото место беше активирана бомбата на возилото натоварено со експлозив во која загинаа 15 лица.
Четири часа пред експлозиите што се случија во вечерните часови беше извршен еден самоубиствен напад на северната страна на градот.
Во експлозијата на пазарот каде што напаѓачот го активираше експлозивот поставен на каишот загинаа 11, а 22 лица беа повредени.
Бројот на загинатите во нападите се зголеми на 45, а повредените над 100.


Тагови:

Слични вести