Очекувањето на САД од Турција е воздушната база Инџирлик

Барањето на Анкара за формирање безбедносна зона на границата со Сирија не беше разгледано поединечно и истото е отворено за дискусија

153105
Очекувањето на САД од Турција е воздушната база Инџирлик

Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел рече дека САД заедно со коалиционите сили во борбата против ИДИЛ, клучна воена помош што ја очекува од Турција е воздушната база Инџирлик.

Чак Хејгел рече дека во рамките на еднонеделните преговори меѓу американските државни и турски претставници, на дневниот ред беше изнесено и барањето за користење на воздушната база Инџирлик. Барањето на Анкара за формирање безбедносна зона на границата со Сирија не беше разгледано поединечно и истото е отворено за дискусија, рече Хејгел.
Турција располага со доволен воен капацитет во борбата против ИДИЛ кој може да се смета за многу значаен рече Хејгел и додаде дека САД посакува базата во близината на границата со Сирија да се искористи за стационирање на одредени авиони.
Од друга страна пак, во соопштението објавено од страна на САД беше истакнато дека била постигната согласност со Турција за обука на умерените сили на сириската опозиција.
Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Мари Харф рече дека Турција прифати да се обучат и да им се даде воена помош и поддршка на умерените сили на сириската опозиција. Во тој контекст, екипа за планирање на Американскиот секретаријат за одбрана, идната недела по воени патишта ќе отпатува во посета на Анкара за остварување на потребните планови.


Тагови:

Слични вести