Воздушните напади врз ИДИЛ

Коалиционите сили под водство на САД и натаму продолжуваат да ги гаѓаат целите на ИДИЛ во Сирија и Ирак

145320
Воздушните напади врз ИДИЛ



Воздушните напади против ИДИЛ не можат да го спречат напредувањето на милитантите кон Багдад.


Според тврдењата, до влезот на милитантите во Багдад има уште 2 км.
Врз основа на информациите објавени во странските медиуми, само во последните два дена во околината на Багдад беа убиени стотици ирачки војници.
За да го спречат напредувањето на милитантите на ИДИЛ, коалиционите сили и натаму продолжуваат со бомбардирање.
Пристигнуваат информации дека милитантите на ИДИЛ во Сирија се приближиле до градот Ајн Ал Араб кој се наоѓа на границата со Турција.
Милитантите на ИДИЛ кои се наоѓаат на 5 км оддалеченост, првпат извршиле ракетен напад врз центарот на градот. Во нападот беа испукани 15 ракети, а загина едно лице.
Дел од ракетите паднаа во непосредна близина на турската граница.
Бројот на селата кои беа освоени од страна на милитантите достигна 67.
Коалиционите сили продолжуваат со бомбардирањето на целите на ИДИЛ во Сирија.
Извори на сириската опозиција тврдат дека во бомбардирањето на коалиционите авиони загинаа 211 милитант и 22 цивили.
Според соопштението, 60 од милитантите биле припадници на Фронтот Ал Насра, а повеќето од останатите на ИДИЛ.
Воздушните операции на коалиционите сили предизвикаа да се зближат приврзаниците на Ал Насра и ИДИЛ. Според веста на англискиот весник Гардијан, претставниците на Ал Насра и ИДИЛ одржаа заеднички состанок на високо ниво на кој беа разменети мислења за водење заеднички планови за војна.
Сирискиот министер за надворешни работи Велид Муалим кој по повод состаноците на СБ на ОН престојуваше во Њујорк во интервјуто за Асошиетед прес рече дека 24 часа пред воздушните нападите, САД ги информирале за нападите.
Министерот Муалим додаде дека и Сирија војува против ИДИЛ. Исто така и САД војуваат против ИДИЛ. За нас нема никакви проблеми, рече Муалим.


Тагови:

Слични вести