Техеран го обвини ББС за кражба

ББС била спречена во кражбата на историските и културни архивски материјали на земјата

143764
Техеран го обвини ББС за кражба

Министерството за разузнавање на Иран соопшти дека ББС била спречена во кражбата на историските и културни архивски материјали на земјата.

Преку своите агенти во Иран ББС планирала да украде архивски и историски материјали од една владина административна зграда. Агентите на ББС биле спречени во обид да ги изнесат архивските материјали од зградата.

Министерството за разузнавање соопшти дека е покрената детална истрага за кражбата и дека после собирањето на доказниот материјал ќе ја известат јавноста.

Техеран и порано ја имаше обвинето ББС за кражба.

ББС се уште не ја коментира аферата.

 


Тагови:

Слични вести