Четврт ден на мултинационалната операција врз ИДИЛ

Денес цел на бомбардирањето беа рафинериите под контрола на ИДИЛ

139637
Четврт ден на мултинационалната операција врз ИДИЛ

Четврт ден на мултинационалната операција врз терористичката организација ИДИЛ.

По вчерашното бомбардирање на главниот штаб на организацијата во сирискиот град Рака, денес цел на бомбардирањето беа рафинериите под контрола на ИДИЛ.
Во операцијата беа погодени 12 рафинерии и загинаа 14 милитанти.
Рафинериите од помал обем ги намируваа потребите од гориво на возилата на организацијата и со дневен капацитет од 500 барели нафта обезбедуваше приходи од 2 милиони долари.
Сириската армија го поврати подрачјето Адра Ал Омалја северно од Дамаск.
Меѓудругото Курдите во градот Ајнел Арап соопштија дека го спречиле напредувањето на ИДИЛ.
Германија соопшти дека ја испрати првата пратка на оружје и муниција на Ирачката курдска регионална управа.
На барање на Ирачката влада, авионот со оружје и муниција најпрвин ќе биде испратен за Багдад, од тука за Ербил.
Во рамките на еднодневната испорака на оружје се планира да се испратат пушки, рачни бомби, шатори и медицински лекови и материјали.
Германската Внатрешна разузнавачка служба соопшти дека околу 3 илјади лица преку Европа се приклучиле кон организацијата ИДИЛ. Од друга страна пак Канада соопшти дека ИДИЛ ја вброи на списокот nа терористички организации.
Германската министерка за одбрана Урсула фон фер Лејен во рамките на посетата на Ербил се состана со лидерот на Регионалната курдска управа Месут Барзани.
Барзани на средбата рече дека нема да дозволат да падне Ајнел Арап, додека германската министерка Лејен рече дека ќе продолжи германската поддршка со оружје и хуманитарна помош на Курдскиот регион и ќе направат се што е во нивна можност за заеднички соживот на сите етнички групи во Ирак.


Тагови:

Слични вести