САД жестоко ги бомбардираат целите на ИДИЛ во Сирија

Во воздушната операција биле вклучени борбени џетови, авиони бомбардери и ракети Томахавк

135072
САД жестоко ги бомбардираат целите на ИДИЛ во Сирија

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби во писмено соопштение истакна дека силите на САД и на коалицијата започнаа со бомбардирање на целите на терористичката организација ИДИЛ во Сирија. Во воздушната операција биле вклучени борбени џетови, авиони бомбардери и ракети Томахавк.

Инаку одлуката за воздушен десант врз позициите на ИДИЛ во Сирија беше донесена вчера во Централната американска воена команда.

Кирби во писменото соопштение додава дека операцијата е во тек и дека ќе продолжи, без да дава повеќе детали за истата.

 


Тагови:

Слични вести