Бројот на инфицираните од ебола ќе се зголеми на 20 илјади

Првата екипа на мисијата на ОН што ја започна во борбата против епидемијата од ебола пристигна во регионот

135927
Бројот на инфицираните од ебола ќе се зголеми на 20 илјади

Светската здравствена организација предупреди дека во случај да не се земе од контрола ширењето на вирусот ебола во Западна Африка, тогаш ќе дојде до бројно зголемување на бројот на заразените.

Експертите истакнуваат дека според претпоставките, до крајот на ноември се очекува бројот на инфицираните да се зголеми на 20 илјади.
Само во последните 4 дена бројот на смртните случаи од вирусот ебола се зголеми на 160 лица.
Вкупниот број на заразените од вирусот ебола кои досега умреа се изнесува над 2 800 лица.
Бројот на здравствените работници кои беа заразени од вирусот достигна 348 лица, од кои 186 умреа.
Лицето кое беше пренесено во болница во австралискиот град Пертх под сомнение дека боледува од ебола, беше соопштено дека не боледува.
Во меѓувреме, првата екипа на мисијата на ОН што ја започна во борбата против епидемијата од ебола пристигна во регионот.
Куба испраќа здравствена екипа од 165 лица во Сиера Леоне.
Во случај да не се спречи ширењето на епидемијата во Либерија, тогаш постои можност да дојде до граѓанска војна во земјата.


Тагови:

Слични вести