Во Њујорк започнува самитот за климатските промени

Во предвечерието на самитот во Њујорк иљадници жители на градот истовремено и во другите градови во светот се слеаја на улиците

134241
Во Њујорк започнува самитот за климатските промени

Во предвечерието на самитот во Њујорк иљадници жители на градот истовремено и во другите градови во светот се слеаја на улиците во знак на протест на испуштањето на јаглеродот и другите отровни гасови во атмосферата што директно се одразува на климатските промени.

Во Њујорк на протестите учествувале над 100 000 граѓани меѓу нив и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун познатиот холивудски актер Леонардо Ди Каприо, поранешниот американски потпретседател Ал Гор и други познати и звучни имиња.

На протесниот марш во Лондон учествувале над 40 000 лица меѓу кои популарната англиска артистка Ема Томсон и музичарот Питер Габриел. Томсон апелираше на користење на чиста енергија.

На маршот во Париз учествуваа над 5000 лица од кои повеќето со велосипеди. Учесниците на маршот апелираа до политичарите дека е крајно време да се преземе нешто за да се спаси планетава Земја од енормното загадување.

Учесниците на демонстрациите во Берлин апелираа да се слушнат повиците и предупредувањата на научниците кои предупредуваат дека планетава земја може да издржи само уште 2 степени затоплување на атмосферата.

Иљадници лица исто така излегоа на улиците на Мадрид, главниот град на Шпанија. Тие извикуваа „нема друга планета освен планетава земја„. Демонстрантите побараа да се застане на патот на ненормалното трошење и да се применува еколошки начин на живот.

Демонстрации и протесни маршеви се одржаа во Белгија , Авганистан, Пакистан, Австралија, Нов Зеланд и другите земји .

 


Тагови:

Слични вести