ИДИЛ е голема опасност за светот

Барак Обама рече дека светот верува во САД, а САД во своите војници во уништувањето на терористичката организација ИДИЛ

133962
ИДИЛ е голема опасност за светот

Во традиционалното саботно обраќање до нацијата од Белата Куќа претседателот Барак Обама рече дека САд со недели се во постојан контакт со своите пријателски и сојузнички земји заради уништување на терористичката организација ИДИЛ. Разузнавачките служби, додаде Обама не утврдија било каква опасност или закана која би доаѓала од ИДИЛ за САД, но сосема сигурно дека оваа организација претставува голема и опасна закана како за Ирак и Сирија така и за целиот Блиски Исток и доколку не се контролира ќе претставува закана и за САД.

Јас во август издадов наредба за покренување воена операција против ИДИЛ така што воопшто нема да се двоумиме за да го нападнеме ИДИЛ било во Ирак било во Сирија. Ова војна не е војна само на Америка, рече Обама и додаде дека американските војници нема да стапнат на тлото на Ирак или Сирија.

Обама додаде дека за преземање на атак врз ИДИЛ се чека да започне состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк, на кој очекува да има поголема поддршка во интервенцијата против ИДИЛ. Секогаш кога не светот му се заканува било каква опасност погледите се свртуваат кон САД, а САД кон своите војници, додаде претседателот Обама.


Тагови:

Слични вести