Во Каиро се одржа министерски состанок на Арапската лига

Напредувањето на ИДИЛ во Ирак не е поврзано само против државниот авторитет

118446
Во Каиро се одржа министерски состанок на Арапската лига

142-от периодичен состанок на министрите за надворешни работи на Арапската лига се одржа во Каиро
Генералниот секретар на Арапската лига Небил Араби на првата седнциа на состанокот рече дека напредувањето на ИДИЛ во Ирак не е поврзано само против државниот авторитет туку истовремено и против Ирачката држава и останатите држави.
Араби упати повик до земјите членки на Арапската лига за преземање конкретни и остри воени, политички, економски и културни мерки против ИДИЛ.
Небил Араби меѓудругото рече дека евентуалната воена операција против ИДИЛ може да се оствари под покровителство на заедничкиот пакт за одбрана на Арапската лига.
Во заклучната декларација на Самитот во Каиро, министрите за надворешни работи на Арапската лига постигнаа согласност за преземање ан сите потребни мерки и санкции во борбата против ИДИЛ како и остварување соработка со меѓународните, регионалните и национални организации.
Во декларацијата беше истакнато дека на минатомесечната седница на Советот за безбедност на ОН беше упатен повик до земјите членки за спречување на преминот на странските војници во регионот, како и финансиската поддршка од Ирак, Сирија или други начини на радикалните групи.
Претседателот на Сириската национална коалиција на опозиционите и револуционери сили Хади Ал Бахра упати повик за преземање решителни одлуки кои ќе го принудат сирискиот претседател Бешар Асад да ја напушти власта.
Од друга страна пак, привремениот претседавач со министерскиот совет на Арапската лига, мавританскиот министер за надворешни работи Ахммед Велед Тегуеди состанокот на кој палестинскиот претседател махмуд Абас го обвини Хамас, го одржа зад затворени врати.
Пред состанокот, Абас се состана со египетскиот претседател Абдулфетах Ел Сиси.
На средбата која траеше околу 90 минути беа разменети мислења околу билатералните односи како и последните случувања во Газа повторно започнување на индиректните преговори меѓу израелската и палестинската страна кон крајот на месецот.


Тагови:

Слични вести