Во Минск потпишан договорот за прекин на огнот

И натаму продолжуваат судирите во источните делови на Украина пред да започне примирјето

115138
Во Минск потпишан договорот за прекин на огнот

Во Минск, главниот град на Белорусија потпишан договорот за примирје со кој ќе прекинат судирите во Украина.
На разговорите, покрај претставници на Украина и Русија учествуваа и претставници на проруски ориентираните групи како и Организацијата за безбедност и соработка ОБСЕ.
По потпишувањето на договорот се планира постепено спроведување на мировниот план за прекин на огнот.
Според мировниот план од 7 точки изготвен по средбата меѓу рускиот лидер Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко, се предвидува поголемиот дел од украинската армија да се повлече од индустриската зона во Доњецк и Луханск.
И натаму продолжуваат судирите во источните делови на Украина пред да започне примирјето кое се очекува да започне во 18 часот според турско време.
Проруски ориентираните сили соопштија дека влегле во пристанишниот град Мариупол во источна Украина. Проруски ориентирани сили истакнаа дека во градот влегле со поддршка на тенковите, оклопните возила и војниците на руската армија.
Судирите во Доњецк се интензивираат во околината на аеродромот.
Портпаролот на министерството за национална безбедност и одбрана на Украина Андриј Лусенко реч дека од денот на започнувањето на судирите до денес загинале 2 илјади руски војници.
Во меѓувреме Руската државна телевизија првпат ја емитуваше погребната церемонија на еден руски војник кој загина во Украина. Руската телевизија соопшти дека војникот погрешно влегол во Украина и бил убиен на бегање.
Од друга страна пак американскиот државен секретаријат за одбрана соопшти дека стационирањето руски војници, топовски единици и воздушно одбранбени системи на границата со Украина ги надмина очекувањата и предизвикува загриженост.


Тагови:

Слични вести