Самитот на НАТО во Велс почна под сенката на меѓународните кризи

Алијансата е изложена на голем број опасности и закани, рече Камерон

114566
Самитот на НАТО во Велс почна под сенката на меѓународните кризи

Русија остро беше критикувана на самитот во Њупорт, а беше усвоена одлука за доставување помош на ирачката влада во борбата против ИДИЛ.
На годинашниов самит на НАТО беше постигнато најголемо учество.
Освен претседателите и шефови на држави и премиери на 28 земји членки, учествуваа и претставници и лидери на 27 земји кои ги подржуваат меѓународните сили во Авганистан, како и од меѓународните организации како што се ЕУ и ОН.
Англискиот премиер Дејвид Камерун во говорот на свеченото отворање рече дека алијансата е изложена на голем број опасности и закани и подвлече на случувањата во Украина, Ирак и Сирија.
Самитот се одржува во многу критичен период гледано од аспект на историјата на Алијансата рече Камерон и додаде дека пред да се формира нова влада во Ирак, Англија нема да учествува во евентуална воздушна операција против ИДИЛ.
Англискиот премиер меѓудругото додаде дека планираат да и им дадат оружје на пешмергите во борбата против ИДИЛ.
На дневниот ред на самитот беше изнесен и предлогот за доставување воена помош на Украина од страна на земјите членки на Алијансата. НАТО не запали зелено светло за приемот на Украина во Алијансата.
Лидерите на Англија, Америка, Франција, Германија и Италија одржаа средби со украинскиот претседател Петро Порошенко.
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен рече дека Алијансата на исток се соочува со закана од Русија, на југ од ИДИЛ и подвлече дека ќе ги преземат потребните мерки против овие закани.


Тагови:

Слични вести