Нови 350 американски војници во Ирак

Војниците ќе бидат задолжени за безбедноста на американската амбасада во Багдад

112898
Нови 350 американски војници во Ирак

По наредба на претседателот Барак Обама Министерството за одбрана на САД ќе испрати контингент од 350 војници кои ќе бидат задолжени за безбедноста на американската амбасада во Багдад. Овие војници нема да влегуваат во било какви борбени дејствија во Ирак, Белата Куќа.

Во соопштението се додава дека одлуката на претседателот Обама е резултат на загрозената безбедност на персоналот на американската амбасада во Багдад како и на американските интереси на Блискиот Исток. Освен тоа, се додава во соопштението, целта е да се даде поддршка на ирачките власти кои што се борат против терористичката организација ИСИЛ.

Белата Куќа соопшти исто така дека наскоро на Блискиот Исток ќе допатуваат шефот на американската дипломатија Џон Кери, секретарот за одбрана Чак Хегел и советникот на претседателот Обама за тероризам Лиза Монако со цел градање на поцврсти односи со регионалните земји во борбата притив заедничките непријатели


Тагови:

Слични вести